Партизан втор пат ја преслуша Црвена Звезда сезонава

175

Екипата на Партизан втор пат во само неколку дена го победи големиот ривал Црвена Звезда. По триумфот во Евролигата, сега избраниците на Жељко Обрадовиќ славеа и во АБА лигата со 98-87. Звезда имаше добар почеток, во еден момент 11:21, меѓутоа Партизан се созема и го сврте резултатот во своја полза, а  во третата четвртина имаа предност и од +19 поени (68-49).

Со тоа „црно-белите“ си го отворија патот до триумфот и не дозволија да бидат изненадени во финишот.

Со 22 поени Камински беше најдобар кај Партизан, додека Нејпир кај Звезда постигна 23 поени.

ПретходноЖенско дерби: Работнички водеше со 2:0, Јанта Волеј со пресврт дојде до победа
СледноЛео Меси ја освои рекордната осма „Златна топка“