Талески: Грција ќе биде добар тест за Европското првенство (ФОТО)

304

Македонската ракометна репрезентација денеска и официјално стартува со подготовките за пријателските дуели со Грција во рамките на ЕХФ-неделата. Селекторот, Кирил Лазаров за оваа средба повика 22. ракометари, а списокот го дополни со уште осум резерви.

Ракометарите ќе тренираат во салата Автокоманда, по што во четврток ќе заминат за Солун, дуелите со Грција се предвидени за 3. и 4. ноември. Репрезентацијата ќе биде комплетна вечерва, последен ќе пристигне Филип Кузмановски, додека во 15 часот треба да слета и Никола Митревски.

Нови имиња во составот на Лазаров се Никола Костески и Милан Лазаревски.

„Секогаш на сите собири или играме пријателски или квалификациски натпревари. Сега ќе одиграме два пријателски натпревари против Грција на кои можеме да пробаме одредени работи и да видиме што треба да поправиме за Европското првенство каде не чека тешка група. Играме со противник кој во последните години вложува во ракометот, ќе игра на ЕП 2024 година и притоа има екипи кои играат на европска сцена. Ова значи дека ќе одиграме два квалитетни натпревари и ќе видиме до каде сме за да можеме да поправиме за тоа ЕП“, е првата изјава на Талески. 

Македонскиот репрезентативец кој веќе се наметна како лидер на теренот, е среќен што дел од ракометарите имаат шанса да го почувствуваат „вкусот“ на европските клупски натпреварување, што пак треба да донесе уште подобри денови.

„Играчите се истите, но со поголемо искуство, 80% од нив играат на европска сцена, тоа е за нив голем плус. Мислам дека сите имаат сфатено што значи да се игра светски и европски ракомет, тоа искуство ќе биде голем плус за нас во репрезентацијата“.

Талески ги пренесе и првите впечатоци од Бенфика.

„Тренирам со еден квалитетн тренер, екипата е добра, можеби резултатите не се позитивни, од ден во ден сме подобри, променија се од корен се надевам на добро во иднина“. 

ПретходноКари три пати во ист напад понижи еден од најдобрите одбранбени играчи (ВИДЕО)
СледноПавелиќ е нов тренер на голманите во македонската ракометна репрезентација