Инацио Куевен одново игра во старата добра форма, а тоа значи дека одново Шкупи победува. Вчера Бразилецот во скопскот дерби речиси сам го победи Работнички. Не само што два гола во мрежата на гостите беа негово дело туку и поради се она што покажа на дербито е играч на 12.коло според “СпортСпорт“.
Покрај него во идеалниот состав на 12.коло според нашата редакција се и: Мустафа и Бајрами (Воска), Мишковски и Омерагиќ (Вардар), Лвалива и Калпачки (Брегалница), Потук и Кехинде (Гостивар), како и Шаља (Шкендија) и Ивановски (Тиквеш).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ИНАЦИО КУЕВЕН
Тим: Шкупи
Роден: 21.11.1998 во Бразил
Кариера: Мирасол (БРА), Керкира (ГРЦ), Монте Азул, Марсилио Диас (БРА), Шкупи