Повеќе од јасно е зошто Александар Васоски е тренерот на 12.коло во ПМФЛ. По победата над Работнички, вчера Вардар предводен од Васоски славеше и против Брера Струмица, против “својата“ Брера, каде што беше тренер во два мандати.
Сите ние знаеме дека Вардар има “милион“ проблеми, а најголем е играчкиот кадар, но ете Васоски прави чуда со тој тим и успеа да го однесе тимот во рамноправна положба со Воска, Македонија ЃП, Работнички, а ако во среда ја победи Струга ТЛ и дефинитивно Вардар нема да биде “фенерџија“.
Васоски тактички го надмудри Валенти, стратегот на гостите, исто како и Илиевски претходно со Работнички.
Васоски очигледно дека си ја знае работата.