Младата фудбалска репрезентација на Македонија во женска конкуренција за играчи до 19 години го претрпе првиот пораз во квалификациите од групата „4“ во првата фаза на циклусот за Европското првенство во рамки на Лигата Б.
Денеска Македонија беше поразена од Украина со 2:1 која со оваа победа го потврди пласманот на првото место. Македонија со две победи и еден пораз заврши на второто место.
Македонија поведе со голот на Веса Села во 5. минута од мечот, меѓутоа до паузата Украина направи пресврт преку Радионова од пенал и Сербук.