Дисциплинската комисија на ФИФА, донесе одлука со која го суспендира екс – претседателот на Фудбалсккиот сојуз на Шпанија на три години. Ова доаѓа по скандалот на Рубиеалес кој го предизвика со бакнежот во уста на фудбалерката Хермосо по завршувањето на финалето на СП за жени.
Тоа значи дека Рубиаалес во наредните три години не смее да работи ништо што е поврзано со фудбал.
И не е само ова, имено Рубиалес се соочува и со затворска казна со оглед на тоа дека во меѓувреме трае и судењето во Мадрид откако беше обвинет за сексуално злоставување.