На вечерашното дерби од 2. коло на женската одбојкарска Прва лига меѓу големите градски ривали Јанта Волеј и Работнички на трибините се појави и селекторот на фудбалската репрезентација, Благоја Милевски.
Милевски е дел од публиката во салата „Невена Георгиева-Дуња“ за да го проследи настапот на неговата ќерка Андротеа Милевска, која е едно до новите засилувања на шампионот Работнички оваа сезона. Нејзиниот нов клуб ќе се обиде да ја одбрани шампионската круна, а првиот чекор кон врвот е токму денешниот дуел со Јанта Волеј кој е во тек.