Вчера во еден интересен меч на Маџари, Вардар со 1:0 успеа да го победи тимот на Брера Струмица. По голот на Азер Омерагиќ играчите беа еуфорични и со право, додека стратегот на струмичани, Џовани Валенти не го криеше својот очај.
Имено по тие стартни “четири од четири“, Брера на следните осум меча нема ниту една победа, три ремија и пет порази.
Јасно е зошто тогаш Валенти е очаен.
А Вардар и дефинитивно фати приклучок со екипите кои беа пред него во битката за опстанокот.