Челзи се соочува со одземање на бодови поради тајни исплати

286

Два трансфери од ерата на Роман Абрамович може да им направи проблем на Челзи. „Сините“ се под истрага откако тие самите соопштија дека вршеле тајни исплати при трансферите на Вилијан и на Самуел Ето, пишува „Дејли Мирор“. И двајцата дојдоа од редовите на Анжи Махачкала во 2013 година.

Премиер лигата ги истражува сите финансиски трансакции во тој период за да утврди дали има уште слични исплати. Овие одделни плаќања биле откриени за време на процесот на длабинска анализа низ кој помина Тод Боели за да го купи клубот во мај 2022 година.

Доколку биде прогласен за виновен за прекршување на правилата, Премиер лигата може да воведе санкции за клубот.

Челзи може да добие парична казна или одземање на бодови. Клубот веќе се согласил на исплата на 8,5 милиони фунти до УЕФА за „случаи на потенцијално нецелосно финансиско известување под претходната сопственост на клубот“.

ПретходноЛео Меси ја освои рекордната осма „Златна топка“
СледноЛацио со гол од пенал во 95 минута ја победи Фиорентина