Ѓоковиќ на чекор до магичниот број 400

350

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 397. недела на врвот на АТП листата.

Ѓоковиќ остана на 11.045 бодови, што е за 2.420 повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкраз(8.625), кој поради повреда го пропушти турнирот од серијата 500 во Базел и со тоа загуби уште една шанса да му се доближи на Србинот пред Мастерсот во Париз. Неделава е на програмата, за Новак ќе биде прв турнир по освојувањето на УС Опен, а доколку влезе во финалето ќе го обезбеди првото место на крајот на годината.

Во топ 10 на новата АТП листа се и Данил Медведев (7.200), Јаник Синер (5.410), Андреј Рубљев (4.935), Стефанос Циципас (4.435), Холгер Руне (4.280), Капсер Руд (3.705), Александар Зверев (3.540) и Тејлор Фриц (3.500).

ПретходноПавелиќ е нов тренер на голманите во македонската ракометна репрезентација
СледноЛазаров: Се надевам дека македонските играчи ќе добиваат поголема улога и на посилните мечеви!