Денвер убедливо ја совлада Оклахома на гости со 128-95, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше незапирлив. Малку му недостигаше трипл-дабл, постигна 28 поени, 14 скока и пет асистенции.
Српскиот центар на оваа средба го „нокаутираше“ Чет Холмгрен беше тој што му се најде на патот, потоа порача дека мора да се здебели.
„Тој е многу талентиран човек, но ова е негова прва година во НБА. Сè уште учи. Мислам дека треба да качи килограми ама искрено. Но, да, мислам дека неговиот талент е единствен“, кажа Јокиќ на својот млад колега и можеби би можел да го посоветува како да достигне оптимална тежина со бурек и кока-кола, исто како што тоа го правеше во тинејџерските денови.
Верувале или не, Холмгрен (88 кг) се обидувал да го чува Јокиќ (129 кг) и добил лекција за живот.
Nikola Jokic scores on Chet Holmgren twice in a row to open the scoring for the #Nuggets #MileHighBasketball pic.twitter.com/0lyBqVBxXP
— Joel Rush (@JoelRushNBA) October 29, 2023
РЕЗУЛТАТИ НБА: Оклахома – Денвер 95:128, Хјустон – Голден Стејт 95:106, Милвоки – Атланта 110:127, Филаделфија – Портланд 126:98, Л.А. Клиперс – Сан Антонио 123:83, Сакраменто – Л.А. Лејкерс 132:127.