Аитана Бонмати е најдобра фудбалерка на светот

327

 

Фудбалерката од средниот ред на Барселона, Аитана Бонмати ја доби „Златната топка“ за најдобра фудбалерка на светот за 2023 година. Таа има преку 230 настапи за Барселона во сите натпреварувања почнувајќи од 2015 година и 77 голови. Минатата сезона сезоната ја заврши со 19 гола во 37 натпревари, а со Барселона стана шампион на Шпанија и шампион на Европа. Со шпанската репрезентација стана светски првак.

Таа беше прогласена и за најдобра фудбалерка за сезоната 2022/23 од страна на УЕФА, како и најдобра фудбалерка во женската ЛШ истата сезона, но и најдобра фудбалерка на женското СП 2023.

ПретходноМартинез најдобар голман, Халанд со наградата за најдобар стрелец
СледноЖенско дерби: Работнички водеше со 2:0, Јанта Волеј со пресврт дојде до победа