Големото скопско дерби во рамките на второто коло од женската одбојкарска Прва лига им припадна на одбојкарките на вицешампионот Јанта Волеј. Дуелот меѓу лутите ривали за трофејот во последните неколку сезони, кој беше прво големо дерби во новата сезона донесе одлична одбојка и докрај неизвесен меч во 5 сета.
Работнички поведе со 2:0, но не успеа да го приведе мечот до голема гостинска победа, откако одбојкарките на Јанта Волеј успеаја во третиот и четвртиот сет да покажаа дека и годинава имаат квалитет за високи дострели. Следните два освоени сета од домашната екипа мечот го одведоа во тај-брејк, кој со неколку пресврти и водства на двата тима, на крајот им припадна на домашните со 15:11.
За Јанта Волеј ова беше втора победа на стартот на сезоната, а шампионките по загубениот сет во првото коло, сега го доживеаја и првиот пораз.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ
2 КОЛО
Фит Фан Волеј – Вардар 2019 3:1 (23:25, 25:12, 25:16, 25:17)
Вардар ЕМ – Струмица 0:3 (7:25, 15:25, 5:25)
Наковски Волеј – Младост УДГ 3:1 (25:12, 24:26, 25:23, 25:19)
Јанта Волеј – Работнички 3:2 (18:25, 21:25, 25:23, 25:22, 15:11)
ТАБЕЛА: 1. Наковски В. 6; 2. Струмица 6; 3. Јанта Волеј 5; 4. Работнички 4; 5. Фит Фан Волеј 3; 6. Младост УДГ 0; 7. Вардар 2019 0, 8. Вардар ЕМ 0.