Македонскиот тенисер Калин Ивановски сепак не успеа да ги мине квалификациите на Челинџер турнирот во Бергамо. Тој денеска во финалето од квалификациите по голема борба беше поразен од Михаел Кукушкин од Казахстан со 1:2 во сетови.
Калин добро почна, првиот сет го доби со 6:3 во гемови, во вториот по голема борба во тајбрејкот го загуби со 2:7, а во третиот сет беше 4:6 за Кукушкин кој направи брејк во петтиот гем.