Лазаров: Се надевам дека македонските играчи ќе добиваат поголема улога и на посилните мечеви!

382

Денеска нашата ракометна селекција се собра по повод двете пријателски средби со селекцијата на Грција, на 3 и 4 номеври, мечеви во рамките на ЕХФ неделата. Повеќе од јасно е дека ова ќе биде исклучеително добат тест во Солу во пресрет на ЕП кое ќе се одржи во јануари.

За она што го очекува наионалниот тим, за списокот на играчи и за дуелите со Грција секако дека свој коментар имаше селекторот Кирил Лазаров:

Јас повикав 22 играчи на овој собир на ЕХФ неделата, во која ќе немаме официјален натпревар, но затоа имаме пријателски мечеви. Ќе пробаме максимално да ја искористиме оваа недела и за тренинзи, но меѓутоа да видиме до каде и со натпреварите. За противник имаме сериозен противник, противник кој е во подем. Тоа е репрезентацијата на Грција, која е учесник на ЕП, каде што сме и ние“.

Играчите како Лазаревски и Костески заслужуваат повик:

Мислам дека играчите од типот на Милан Лазаревски кој го заслужува повикот, еве повеќе време во дресот на Вардар пружа одлични игри и тоа на квалитетни натпревари и тоа во квалификациите за Европската лига против РНЛ, потоа во мечеви против Пелистер. Тука е и постариот Костески кој што е најдобар стрелец во првенството на Чешка. Секако дека заслужуива шанса да му се даде, тој е на местата на нашата легенда Гоце Георгиевски. Тој е тука заедно со неговиот брат Ненад, кој што е голем потенцијал. Сакам да пробам уште неколку играчи. Да, списокот е подолг, секако дека ќе се скрати на 17, можеби и 19 играчи, на кој што ќе сметам. Тука има и резерви. Имено ракометот е доста е тежок спорт со многу контакти. Салам да кажам дека и тие резерви што се ставени треба да бидат спремни во секој момент ако се случи некоја повреда или нешто, да одговорат на тоа што го бара националниот тим од нив.

Лазаров напомена дека овие денови ќе бидат максимално искористени:

Ќе пробаме да ги искористиме овие денови максимално, да пробаме да се спремиме на она што не очекува на ЕП. Се надевам дека ќе имаме добри подготовки, ни значи секој ден. Ќе нема да има некој интензитет на нашите тренинзи, ќе пробаме да фрлиме важност на нашиот напад, нашата контра, нашето враќање назад“.

Во врска со тоа дека неколку играчи имаат мала минутажа во своите клубови, посебно во македонските клубови, а со тоа има проблем и репрезентацијата, Лазаров истакна:

Мислам дека доста треба да за разговара на тоа прашање, тоа е тоа. Тоа е тоа што го имам. Јас е надевам дека, со оглед на тоа дека ние сме мала земја, по клубовите, посебно по македонските клубови, во иднина ќе добиваат поголем улога и не само на послаби натпревари, туку и на посилни. Тоа ни е битно за националниот тим. Но реков, што е тука е, ќе ја видиме моменталната ситуација и ќе пробаме до периодот што следува до 21 декември каде што ќе биде нашиот официбален прв собир за ЕП, да пробаме нешто со нашиот кондициски тренер, со нашиот медицински тим да да им даде нешто дополнително да работат. Да можат колку толку да надополнат таа минутажа што ја немаат посебно на квалитетни мечеви на тие нивни клубови.Ние немаме што ни многу да коментираме на оваа тема нешто повеќе“

По најавите дека Столе Стоилов ќе се приклучи во репрезентацијата, Лазаров потенцираше дека за него секогаш вратата е отворена:

Направивме да кажам комплетна смена на генерацијата, останува уште Николче Митревски кој што заслужува повик иако е во години. За мене нема стари и млади, за мене има добри и лоши играчи. Уште имаме 2-3 играчи над 30 години кој што не се стари играчи, тоа се играчи кои што се во вистински години кои што можат да придонесат уште за оваа национална селекција. На местото на Ице Соколески тука е Нино Павелиќ. Тој ќе работи со голманите, познат хрватски стручњак. Беше помошник на Хорват во хрватската селекција. Столе Стоилов секогаш има отворена врата, кога и да сака, кога и да посака. Јас говорев со него, има обврски во својот клуб. За него секогаш местото е отворено во националната селекција“ заврши Лазаров.

ПретходноЃоковиќ на чекор до магичниот број 400
СледноЕве како Барела го понижи Лукаку! (ВИДЕО)