Мартинез најдобар голман, Халанд со наградата за најдобар стрелец

403

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез е прогласен за најдобар голман на гала изборот за најдобар фудбалер на светот за 2023 година. Аргентинецот имаше успешни настапи за Аргентина на СП во Катар освојувајќи ја титулата светски првак.

Второто и третото место им припадна на Едерсон и на Јасин Боно.

А норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд очекувано е добитник на наградата „Герд Милер“ за најдобар напаѓач во светот. Тој постигна 56 гола, па заслужено оваа награда оди во рацете на фудбалерот на Манчестер Сити. Зад него се пласираа Мбапе и Хари Кејн.

Женски тим на годината е Барселона, а најдобар машки тим е Манчестер Сити.

 

ПретходноОчекувано: Џуд Белингем е најдобар млад фудбалер
СледноАитана Бонмати е најдобра фудбалерка на светот