Според записникот, но и според делегатот Димче Маневски од Велес, вистински хаос се случувало по мечот од Третата лига Север меѓу Фортуна и Куманово, откако тој завршил со резултат 1:3 за гостите.
Имено домашни играчи физички нападнале гостински, па потоа избегале во соблекувалната да не добијат црвени картони.
Инаку судија на овој меч бил Димитар Пилешков, судија кој дели правда и во ПМФЛ и во ВМФЛ.
Еве што пишува во записникот потпишан од делегатот:
“Натпреварот одигран по правила и прописи на ФФМ. Натпреварот доцнеше 15 мин, поради промена на дресовите на двете екипи. Видео матерјалот е предаден на контролорот. По завршување на натпреварот домашните играчи со бр. 21 Реџепи Иса и играчот со бр. 26 Алилов Ерсин физички нападнаа повеќе играчи од гостинската екипа при што настана масовна конфронтација која за кратко време се стави во нормала. Играчите со бр 21 и 26 од домашната екипа избегаа во соблекувалната при што немаше можност да им се додели црвени картон од страна на главниот судија“.
Чудесна фудбалска Македонија!
Зарем треба коментар за ова.