Фудбалерот на Лајпциг, Дани Олмо, најверојатно ќе отсуствува од терените до крајот на годината поради повреда на рамото, изјави неговиот тренер Марко Розе.
Олмо го повреди зглобот меѓу клучната коска и лопатката на мечотот против Келн во саботата. Тоа беше само трет негов натпревар откако се врати од повреда додека играше за Шпанија минатиот месец и три дена откако постигна гол во победата од 3-1 во Лигата на шампионите над Црвена Звезда.
Олмо ќе ги пропушти преостанатите три натпревари во Лигата на шампионите, против Ц. Звезда, Манчестер Сити и Јанг Бојс, како и натпреварите во Бундеслигата и Купот.