Некогашниот соиграч на Лионел Меси во екипата на ПСЖ, Килијан Мбапе меѓу првите му честиташе на Аргентинецот за освоената осма „Златна топка“.
„Честитки за Лео за наградата. Ти ја заслужуваш“, напиша напаѓачот на ПСЖ , кој играше со Меси за парискиот клуб минатата и претходната сезона.
Самиот Мбапе го освои третото место во гласањето за годинешниот освојувач на престижното признание.