Едукативниот центар при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во просториите на ФФМ го започна семинарот за Уефа Б лиценца за тренери на голмани, прва генерација.
Првиот модул од курсот ќе трае 3 дена, до 2. ноември, а ќе бидат опфатени повеќе теоретско практични теми соодветни на нивото на самата едукација.
Вкупно 18 учесници, носители на Уефа Б диплома кои се дел од групата имаат можност да го следат и слушаат предавањето на Томислав Бутина, ФФМ ментор од Уефа за едукација на тренери на голмани, кој воедно е и поранешен репрезентативец на Хрватска.
На првиот ден од курсот, свое предавање одржаа Небојша Марковски, директор на Едукативниот центар, како и Зоран Мицевски и Саша Илиќ, едукатори на ФФМ за Уефа и Национална едукација за тренери на голмани.
Ова претставува прв семинар на ова специјалистичко ниво, организиран во тесна соработка и координација со Уефа. Во рамките на курсот ќе бидат организирани три модули од по три дена, заклучно до Мај – Јуни 2024 година.
Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарува, им посакува многу среќа и успешен семинар на учесниците и стекнување на нови корисни знаења.