Стружани убедливи во Куманово

56

Екипата на Струга ја запиша петата победа оваа сезона, откако го совлада Куманово со убедливи 22-33 во меч од деветото коло. Со новите бодови гостите останаа на четвртото место во групата А.

Во првото полувреме видовме изедначена битка, особено на почетокот. По последните 7-7, Струга со серија од 1-6 дојде до водство од 8-13. Токму овој момент го реши победникот на мечот. Гостинските ракометари на одморот заминаа со предност од четири гола (11-15), а во продолжение не му дозволија на Куманово да ја загрози нивната комоција.

Костоски имаше осум гола, додека еден помалку запиша Бошњак. Покрај овие двајца ракометари кај победникот шест гола имаше Јанкуловски. На другата страна Димитров запиша пет гола.

ПретходноКуп на Германија: Бранителот на трофејот испадна, Унион загуби 11 меч по ред
СледноОФИЦИЈАЛНО: С.Арабија домаќин на СП 2034, Австралија се повлече од трката