Азар: Не можев повеќе да издржам

617

Еден Азар на 32-годишна возраст одлучи да се повлече од терените, причината за ова е силното темпо кое го бара фудбалот, а неговото тело не може да одговори. Тој е среќен што се повлекува од фудбалот.

„Имам само 32 години, но почнав да (играм фудбал) навистина рано. Излегов од дома на 14 и направив се што сакав“, изјави тој за новинарите во Париз, каде присуствуваше на церемонијата на доделување на Златната топка.

Азар летово го напушти Реал Мадрид, каде поради честите физички проблеми не ги оправда очекувањата, па пред дваесетина дена најави крај на кариерата.

“Моето тело повеќе не можеше да го издржи тој ритам. Имав некои повреди на крајот, па затоа ја донесов таа одлука. И среќен сум што се решив”, објасни тој.

Азар дојде во Париз затоа поради неговите деца.

„Им реков дека ќе одиме заедно, ќе спиеме и ќе се забавуваме“, рече тој, а потоа додаде: Моите синови играат фудбал, па јас го гледам со нив. Досега не ми недостасува да играм, но којзнае можеби за неколку месеци ќе се вратам“.

Во текот на својата професионална кариера одигра 622 натпревари и постигна 167 голови. Со Реал Мадрид двапати беше европски и шпански првак, а со Челзи два пати ја освои шампионската титула на Англија.

ПретходноПандев: Савичевиќ, а не Панчев ми беше идол! Жалам што Дарко никогаш не му помогна на македонскиот фудбал!
СледноНеверојатно: Пет клуба во Европа заедно имаат 82 титули, меѓу нив и Вардар, а сега се “фенерџии“ во своите земји!