Алкараз: Целта ми е првото место на АТП-листата, но тука се прашува и Ѓоковиќ

387

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и покрај некои пропуштени прилики изјави дека целта му е годината да ја заврши на врвот на АТП листата, каде сега е Новак Ѓоковиќ.

„Секако дека целта ми е првото место на АТП листата на крајот на годината. Работам да бидам уште подобар играч, но секако се прашува и Ѓоковиќ“, изјави Алкараз.

Тој го пропушти турнирот во Базел за да се одмори и да го опорави телото.

“Се чувствувам подобро. Очигледно, имав неколку недели да го опоравам своето тело. Бев повреден на Мастерсот во Шангај, но деновите за одмор многу ми помогнаа. Сè уште не сум 100% подготвен, но блиску сум. “ изјави Алкараз.

Шпанскиот тенисер тренираше во Париз со Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд.

„Имав квалитетни тренинзи со Ѓоковиќ и Руд. Со Ѓоковиќ тоа беше работа со целосен интензитет. Мислам дека веќе трениравме заедно во Мадрид и на Ролан Гарос. Ова ни е трет или четврти пат да работиме заедно. Не се плашам дека Новак ќе се навикне на мојата игра, веќе одигравме четири натпревари, па добро се познаваме“, додаде тој.

ПретходноКФСМ мисли на иднината – ги зеде под „заткрила“ најдобрите таленти!
СледноЛига Нации: Фудбалерките повторно убедливо поразени од Косово!