Базел не избра гол на месецот – причината е што не постигна ниту еден!

197

Базел, еден од најдобрите и најтрофејните клубови сезонава е непрепознатлив. Не само што е при дното на табелата, туку и со играта и лошата одбрана не покажува знаци дека во брзо време може да излезе од калта.

Интересно, за првпат Базел не можеше да избере гол на месецот. Наградата не ја доби никој! Причината е што тимот не постигна ниту еден гол во октомври. Во тој период екипата ги изгуби сите натпревари со вкупна гол разлика 0:10.

Базел губеше од противници кои во минатото лесно ги добиваше дури и со убедлив резултат. На пример изгуби дома од Лозана Оши со 0:3, следуваше пораз од шампионот Јанг Бојс со ист резултат, па од Сервет со 1:0 и во неделата од Лозана Спорт со 3:0.

Дваесеткратниот швајцарски шампион и 13-пати освојувач на Купот нема победа во октомври и е на 12 место на табелата со пет бода по 11 одиграни кола.

ПретходноКуп на Германија: Второлигашот Кајзерслаутерн го исфрли Келн
СледноНБА има ново чудо: Вембањама ги остави во шок Дурент и Санси (ВИДЕО)