“Бојан Миовски е на ниво да може да игра за Селтик или Ренџерс“!

623

Бојан Миовски и натаму е тема на муабет во шкотскиот фудбал. Факт е дека до неговиот клуб Абердин веќе има понуди од клубови од ПЛ или шкотската ПЛ, па и од останатиот дел на Европа, но засега раководството на Абердин не се одлучува да го продаде.

Инаку во денешниот “Aberdeelive“ свој коментар за Македонецот имаше Тем МекМанус кој е некогашен напаѓач на Хибернијан и Данди Јунајтед, а сега работи како фудбалски аналитичар:

Според мене Миовски е на ниво да може слободно да игра за Селтик или Глазгов Ренџерс. Видете, јас не се обидувам да го продадам, но сметам дека Абердин ќе си има мака да го задржи во своите редови. Тој постигнува голови од различни позиции, знае да даде гол и од било каква шанса. Знае да втрча и од позадина, станува збор за интелегентен напаѓач, талентиран фудбалер“ рече покрај другото МекМанус за нашиот репрезентетивец.

ПретходноСрдановиќ во Вардар до 2026! (ФОТО)
СледноОфицијално: Винисиус во Реал Мадрид до 2027! (ФОТО)