Венгер за играта на Манчестер Ј.: Така голем клуб, а изгледа толку безнадежно

406

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер го прокоментира поразот на Манчестер Јунајтед од Манчестер Сити (0:3) во 10. коло од Премиер лигата. Легендарниот француски стратег немаше пофални зборови за еден од најсилните тимови во неговата тренерска ера.

„Би рекол дека се што се случи беше заслужено. Јазот меѓу двата тима се зголемуваше како одминуваше натпреварот. На крајот, штета е што голем клуб како Манчестер Јунајтед изгледа толку безнадежно. Не гледам каде можат да се подобрат. Овој тим сега изгуби самодоверба, квалитет, па дури и дух“, изјавил Венгер.

По десет одиграни натпревари во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ се на осмото место со 15 бодови.

ПретходноДолгоочекуваниот трејд е договорен: Харден оди во ЛА Клиперс!
СледноФјури најави борба со Усик: Не знам термин, но таа битка сигурно ќе се одржи