Долгоочекуваниот трејд е договорен: Харден оди во ЛА Клиперс!

183

Челниците на Филаделфија 76ерс и Лос Анџелес Клиперс постигнале договор за трејд на едно од најпопуларните имиња на НБА сцената во последната деценија, Џејмс Харден. Веста утрово ја потврија повеќе извори во САД.

Актуелниот договор на Харден е до крајот на сезоната 2023/2024, за што ќе заработи 35,64 милиони долари, а ќе стане неограничен слободен агент во летото 2024 година. 34-годишниот кошаркар инсистираше да биде разменет во друг тим и не се појави на медиумскиот ден на Филаделфија. Односот на играчот со управата на клубот е нарушен и затоа трејдот мораше да се случи.

Познати се и деталите на трејдор. Сиксерси ќе ги добијат Маркус Морис, Николас Батум, Роберт Ковингтон, Кеј Џеј Мартин, неколку драфт пикови, како и размена на пикови. Со Харден во Клиперси ќе одат и Пи Џеј Такер и Филип Петрушев.

ПретходноЛајпциг останува без Дани Олмо до крајот на годината
СледноВенгер за играта на Манчестер Ј.: Така голем клуб, а изгледа толку безнадежно