Саудиска Арабија има уште еден конкурент помалку во трката за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Имено, Австралија која претходно најави дека размислува за кандидатура за домаќин на ова СП, реши да се повлече од трката откако веќе е „јавна тајна“ дека овој Мундијал ќе им биде доделен на Саудијците.
Австралискиот фудбалски сојуз објави дека по долго размислување нема да се кандидира за Светското првенство во 2034 година. Наместо тоа, тие ќе се обидат да го добијат Азискиот куп за жени во 2026 година и Светското клупско првенство во 2029 година.
„Ги истраживме можностите да бидеме домаќини на СП и ги земавме предвид сите фактори. Дојдовме до заклучок дека нема да конкурираме за СП во 2034 година“, објавија од Австралијската федерација.