Куп на Германија: Бранителот на трофејот испадна, Унион загуби 11 меч по ред

146

 

Бранителот на титулата во Купот на Германија, РБ Лајпциг е елиминиран од Купот по поразот на гостувањето кај Волсфбург со 1:0. Во 14 минута Тиаго Томаш го пронајде Вацлав Черни кој ја погоди мрежата и тој резултат беше конечен. Гостите од 56 минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Јусуф Полсен.

А Штутгарт го елиминира Унион Берлин од Купот. „Швабите“ славеа со 1:0, а единствениот гол го постигна Дениз Ундав во 45 минута. А овој пораз е 11-ти по ред за Унион во сите турнири.

Унион загуби три меча во ЛШ, седум во првенството и сега во Купот.

И Сент Паули патува во следната фаза откако беше подобар од Шалке  со 2:1 по продолженија. Еферштајн во 102 минута ја донесе победата на Ст.Паули.

Во следната фаза патува и членот на регионалната лига Хомбург кој со 2:1 го победи Гројтер фурт.

ПретходноНеверојатно: Пет клуба во Европа заедно имаат 82 титули, меѓу нив и Вардар, а сега се “фенерџии“ во своите земји!
СледноСтружани убедливи во Куманово