Екипата на Кајзерслаутерн го совлада Келн со 3:2 на домашен терен и се пласираше во осминафиналето на Купот на Германија. Некогашниот шампион на Германија, а сега второлигаш водеше со 3:0 со головите на Тачи, Редондо и Ритер, но во последните дваесет минути прими два гола. Сепак го сочуваа водството и се пласираа понатаму.
А во осминафиналето оди и Борусија Менхенгладбах кој со 3:1 го совлада Хајденхајм.
Арминија и Хамбургер како и Унтерхакинг и Фортуна играат продолженија затоа што нивните мечеви завршија реми.
Осминафинале претходно изборија Хомбург, Ст.Паули, Штутгарт и Волфсбург.
Во среда се играат уште осум натпревари од Купот. Меѓу нив и Борусија Дортмунд-Хофенхајм, Сарбрикен – Баерн како и Сандхаузен-Баер Леверкузен.