Лео Меси синоќа во Париз на гала церемонијата по осми пат ја освои „Златната топка“, по осми пат во својата кариера беше прогласен за најдобар фудбалер во годината што изминува, оваа беше за 2023 година.
По самата церемонија, на прес – конференцијата, тој покрај другото ги кажа и своите планови за иднината, и тоа поврзани со Барселона:
“Еден ден сигурно е дека ќе се вратам во Барселона на еден или друг начин, но не како тренер. Сигурно е дека ќе бидам поврзан со клубот. Мојата куќа е во Барселона и имам намера таму да живеам. Сакам да се збогувам со фановите на овој клуб на сосема друг начин. Беше чудно кога заминав од Барса, не сакав да го напуштам клубот така, Барса е мојот дом“ рече покрај другото најдобриот фудбалер во светот.