Лига Нации: Фудбалерките повторно убедливо поразени од Косово!

366

 

Нашата А женска фудбалска репрезентација и понатаму си тера по старо. Избраничките на селекторот Кирил Изов вечерва на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина се поразени со 3:1 од домашната селекција на Косово. Ова беше трет пораз во исто толку одиграни мечеви во Лигата на Нации во сегментот – Ц во групата 5. Значи иако играме во убедливо најслабата Лига на Нации ние не можеме да дојдеме барем до бод во оваа група.

Домашната репрезентација беше подобра, си победи со 3:1. Стрелци беа Халилај во 7.минута, потоа Мемети во 14.и Бичкај во 34.минута, Македонија во 90.минута преку Чоклеска ги постави конечните 3:1. Со оваа победа Косово сега е прво во групата со 7 бодови, втора е Бугарија со 4 а ние последни без ниту еден бод. Нам ни останува уште гостувањето кај Бугарија во декември.

Ова е катастрофа.

Инаку Изов мечот го започна со следните фудбалерки: Комнанова, Паткова, Коларовска, Милчевска, Ефтинџиоска, Мустафа, Шемсовиќ, Рочи, Марковска, Максути, Петрушевска.

Играа уште и: Велкова, Чоклевска, Костова, Салихи, Милеска.

ТАБЕЛА

1.КОСОВО 7

2.БУГАРИЈА 4

3.МАКЕДОНИЈА 3

ПретходноАлкараз: Целта ми е првото место на АТП-листата, но тука се прашува и Ѓоковиќ
СледноПандев: Савичевиќ, а не Панчев ми беше идол! Жалам што Дарко никогаш не му помогна на македонскиот фудбал!