Мартинез: Реал е голем клуб, но моето срце е со Интер

196

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез одговори на гласините за трансфер во Реал Мадрид во блиска иднина. Мартинез стана капитен на тимот и игра одлично.

„Точно дека Реал Мадрид е голем клуб, секој сака да игра таму. Но моето срце и глава се со Интер. Среќен сум тука“, изјави Аргентинецот.

Сезонава Мартинез одигра 13 натпревари за Интер во кои постигна 12 гола и 2 асистенции. Неговата вредност според порталот Трансфермаркт е околу 100 милиони евра.

Претходно е соопштено дека „нероаѕурите“ сакаат да го продолжат договорот со Мартинез и да му ја зголемат платата на 7,5 милиони евра по сезона.

ПретходноЕкс-македонски селектор ќе ја предводи младинската репрезентација на Србија
СледноКадетките на Бадел 1862 по ново искуство во Германија