Мбапе прв му честиташе Меси за осмата „Златна Топка“

272

Некогашниот соиграч на Лионел Меси во екипата на ПСЖ, Килијан Мбапе меѓу првите му честиташе на Аргентинецот за освоената осма „Златна топка“.

„Честитки за Лео за наградата. Ти ја заслужуваш“, напиша напаѓачот на ПСЖ , кој играше со Меси за парискиот клуб минатата и претходната сезона.

Самиот Мбапе го освои третото место во гласањето за годинешниот освојувач на престижното признание.

ПретходноСредба на асовите – Ѓоковиќ и Меси во прегратка (видео)
СледноЈокиќ и Дончиќ како машини: Tрипл-дабл остварувања за нови победи на Денвер и Далас (ВИДЕО)