Неверојатно: На 12 средби во ПМФЛ сезонава само тројца играчи на Воска се запишале во листата на стрелците!

581

Воска Спорт оваа сезона е дебитант во ПМФЛ, и како таков и не и оди така лошо иако се наоѓа на претпоследното место на табелата, а може утре да биде и последна. Но Воска Спорт со тие свои 12 бода е во минус од само три бода од петтата на табелата, екипата на Брера Струмица, значи со една победа и тоа како може да се искачи на табелата.

Сепак нешто друго паѓа во очи кај тимот на црногорскиот тренер Миљан Радовиќ, а тоа е кој се постигнува голови за Воска Спорт.

Ако се знае дека на досега одиграните 12 средби, Воска постигнала 14 голови, и важи за петта најефикасна екипа во ПМФЛ, тогаш просто неверојатно е дека тие 14 голови биле дело на само тројца играчи. Беа двајца, но Медин Бајрами стрелаше завчера во Тетово кај Шкендија за тие 1:1.

Ален Јашаровски има три гола, но сите три ги постигна против Вардар на 20 август кога Воска победа со 3:2.

Додека Алекса Марушиќ со 10 голови е прв стрелец не само на тимот, туку е прв стрелец и во Лигата, и тоа убедливо, и тоа пред Марко Ѓорѓиевски (Силекс), Бесарт Ибраими и Марјан Радески (Струга ТЛ) и Алпер Потук (Гостивар) кои имаат по пет голови и го делат тоа второ место на листата на стрелците во ПМФЛ.

Навистина неверојатно, само тројца играчи на Воска досега успеале да се запишат во листата на стртелците досега а веќе започна вториот круг од сезоната.

ПретходноТен Хаг брутално ги понижил своите играчи по поразот од Сити!
СледноДидие Дешамп не мисли дека Меси е подобар од Роналдо и Мбапе!