Пандев: Савичевиќ, а не Панчев ми беше идол! Жалам што Дарко никогаш не му помогна на македонскиот фудбал!

4149

Во манир на голема ѕвезда на овие простори, српски “Спортал“ денеска објави мега –интервју со Горан Пандев, нашата фудбалска икона. Пандев ги пречекал гостите од Србија во својата Струмица и во својот спортски комплекс “Горан Пандев“.

Покрај тоа што зборува за својата кариера и се останато, сепак тој не заборави да го “пецне“ Дарко Панчев, фудбалерот на векот во Македонија.

“Искрено како мал навивав за Ц.Звезда, но идол неми беше Дарко Панчев туку Дејан Савичевиќ од таа генерација која беше и европски првак. А Дарко Панчев што да кажам освен тоа дека жалам што никогаш не му помогна на Фудбалскиот сојуз и на македонскиот фудбал.Такво име можеше да помогне“, посочи Пандев.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

ПретходноЛига Нации: Фудбалерките повторно убедливо поразени од Косово!
СледноАзар: Не можев повеќе да издржам