Манчестер Јунајтед викендов на свој терен беше поразен од градскиот ривал Манчестер Сити со 0:3. Јунајтед и ова градско дерби го одигра очајно, фановите се незадоволни, менаџерот Ерик Тен Хаг исто така, а по мечот како што велат „инсајдерите“ тој брутално ги понижил своите играчи.
Имено им наредил во соблекувалната, веднаш по мечот, да бидат максимално мирни и тивки и да го слушаат славјето и радувањето на на момците на Гвардиола, кои како за инает и тоа како биле гласни во својата еуфорија.
По десетина минути откако завршило славјето кај играчите на Сити, Тен Хаг почнал да им се дере на своите избраници.
Како што велат “инсајдерите“, а пренесуваат медиумите на Островот, тоа попладне секој играч на Манчестер Јунајтед ќе го памети додека е жив.