Кошаркарите на Денвер го забележаа четвртиот триумф од почетокот на сезоната во НБА, откако синоќа на домашен терен ја победија Јута со 110:102. На овој начин шампионот го задржа максималниот учинок и сега има скор од 4-0.
Избраниците на Мајк Мелоун и на оваа средба беа преводени од српскиот центар Никола Јокиќ, кој дуелот го заврши со нов трипл-дабл учинок. Јокиќ запиша 27 поени со 11 асистенции и 10 скока, што беше негов 107 трипл-дабл учинок во кариерата. Со ова тој се израмни со Леброн Џејмс и Џејсон Кид на вечната листа.
Арон Гордон со 21 поен и седум скока и Џамал Мареј со дабл-дабл учинок од 18 поени и 14 асистенции беа исто така одлични во победничкиот тим. Кај гостите Лаури Марканен постигна 27 поени со 14 скока.
И Далас е 100% по три одиграни дуели на стартот на сезоната. Главен виновник за тоа е неверојатниот Лука Дончиќ кој со 35 поени во предводеше тимот на Далас до победа над Мемфис од 125:110. Покрај 35 поени, Словенецот имаше и 12 скока и 12 асистенции со што го потпиша вториот трипл-дабл сезонава. Оваа победа го означи најдобриот почеток на сезоната за Далас од 2004 година.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Бруклин 121-133
Индијана – Чикаго 105-112
Вашингтон – Бостон 107-126
Атланта – Минесота 127-113
Торонто – Портланд 91-99
Мемфис – Далас 110-125
Милвоки – Мајами 122-114
Њу Орлеанс – Голден Стејт 102-130
Оклахома – Детроит 124-112
Денвер – Јута 110-102
ЛА Лејкерс – Орландо 106-103