15 конци за тренерот на Лион: Гросо за малку ќе го загубел левото око

365

Италијанскиот стратег на клупата на Лион имал многу среќа во инцидентот кој се случи при пристигнувањето на неговата екипа на стадионот „Велодром“ во марсеј во неделата. Имено, лекарите стравувале дека Гросо ќе го загуби левото око, откако пивско шише го погоди право во левата аркада над окото, а повредите биле многу блиску и до рожницата.

Натпреварот од 10. коло на Лига 1 беше одложен поради напад на автобусот на гостите и нивните навивачи. Лекарите извадиле и парченца стакло од лицето на Гросо, кои завршиле милиметри од окото на Гросо. Тренерот на Лион добил 15 конци и изјави дека се чувствува добро.

ПретходноИ Австралија се откажа од СП 2034: Јасно е дека ќе го добијат Саудијците!
СледноРеал (М) почнал разговори со Де Зерби за заменик на Анчелоти следната сезона