Италијанскиот стратег на клупата на Лион имал многу среќа во инцидентот кој се случи при пристигнувањето на неговата екипа на стадионот „Велодром“ во марсеј во неделата. Имено, лекарите стравувале дека Гросо ќе го загуби левото око, откако пивско шише го погоди право во левата аркада над окото, а повредите биле многу блиску и до рожницата.
Натпреварот од 10. коло на Лига 1 беше одложен поради напад на автобусот на гостите и нивните навивачи. Лекарите извадиле и парченца стакло од лицето на Гросо, кои завршиле милиметри од окото на Гросо. Тренерот на Лион добил 15 конци и изјави дека се чувствува добро.