Вардар го чека пекол: „Црвено – црните“ утре му гостуваат на шампионот, а в сабота играат на Чаир!

1127

Да не си му во кожа на стратегот на Вардар, Александар Васоски. По двете врзани победа над Работнички и Брера Струмица, сега вардарци ги чека пекол од распоред. Веќе утре во Струга се гостува кај шампионот, се игра заостанатиот меч од 5.коло, а веќе в сабота на Чаир Вардар му гостува на Шкупи.

Интересно е тоа што Вардар иако игра в среда, барем според Кометот, треба да игра во сабота, по нешто помалку од 72 часа.

Треба да се види како ќе се однесува тимот на Вардар на овие две најтешки гостувања оваа есен во нашата ПМФЛ.

ПретходноЈувентус ќе му даде нов договор и ќе му ја зголеми платата на „коцкарот“ Фаџоли!?
СледноСрдановиќ во Вардар до 2026! (ФОТО)