Фудбалскиот сојуз на Србија го именува Љубинко Друловиќ за нов селектор на младата репрезентација на Србија. Друловиќ досега беше член на стручниот штаб на А репрезентацијата, а сега ќе раководи со селекцијата до 21 година.
Тој доаѓа на местото на Ѓорѓевиќ кој доби отказ по срамниот пораз од Англија со 1:9 во квалификациите за ЕП.
Друловиќ е поранешен играч на Партизан и на Порто, како и поранешен тренер на Партизан. Кратко беше селектор на Македонија, во 2015 година и на пет меча запиша едно реми и четири порази.
Беше и селектор на Узбекистан У23, а и селектор на У21 селекцијата на Србија во 2012/13.