Македонија е комплетна: Митревски и Кузмановски се приклучија во „стројот“

379

Македонската ракометна репрезентација ја започна мисијата – Европско првенство 2024 година. Кирил Лазаров и неговите избраници за време на ЕХФ неделата ќе одиграат два пријателски натпревари против Грција во Солун на 3. и 4. ноември.

Предводникот на нашиот национален тим на располагање ги има сите 22 ракометари кои се најдоа на списокот предвиден за овој собир, во стројот последни се приклучија Никола Митревски и Филип Кузмановски.

Лазаров најави дека овие денови ќе бидат искористени максимално, ќе продолжат да го градат она што во иднина треба да вроди плод на големата сцена. Преку контролни мечеви ќе се обиде да се надконади искуството кое дел од репрезентативците треба да го имаат за сериозните предизвици кои ги чекаат во јануари каде ќе играат против селекции како Франција, Германија и Швајцарија.

Автокоманда е базата на нашите ракометари кои во четврток попладне ќе заминат за Грција.

ПретходноДидие Дешамп не мисли дека Меси е подобар од Роналдо и Мбапе!
СледноКФСМ мисли на иднината – ги зеде под „заткрила“ најдобрите таленти!