Работнички 71&22 донесе бразилско засилување на техничарската позиција

175

Одбојкарскиот клуб Работнички 71&22 од Скопје го претстави првото странско засилување. По две одиграни кола во новата сезона од Првата лига, Работнички реши да донесе бразилско засилување на техничарската позиција.

Станува збор за 23-годишниот бразилски техничар Луис Фелипе Гимараеш кој во редовите на скопскиот состав кој има големи амбиции да се врати во самиот врв на домашната одбојка доаѓа од бразилскиот клуб Фундеспорт Волејсол. Интересно е што за Гимараеш ова ќе биде прво искуство во Европа, затоа што досега настапувал само за екипи од својата родна земја.

Работнички 71&22 во последните две години се обидува да го врати сјајот на „стариот“ Работнички, чиј наследник е и сегашниот клуб. Луѓето кои застанаа зад реоформувањето на клубот очигледно ќе се обидат во брз временски период да се вмешаат и во битка за горните позиции на прволигашката табела.

ПретходноФјури најави борба со Усик: Не знам термин, но таа битка сигурно ќе се одржи
СледноИ Австралија се откажа од СП 2034: Јасно е дека ќе го добијат Саудијците!