Како што објавија од страна на РК Вардар, Марко Срдановиќ и клубот се договориле соработката да ја продолжат најмалку до 2026 година. Уште по стартот на сезоната се покажало дека Србинот е квалитетен играч и дека РК Вардар има долготрајни планови со него, па така потпишан е нов договор на уште две години.
Самиот Срдановиќ вели дека доаѓањето во Вардар му било досега најдобар потег во кариерата:
“„Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство, и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат“изјкави Срдановиќ.