Одбојкарите на Струмица можно е и двата меча од 2. коло во ЦЕВ Купот против германскиот ривал СВД Дирен да ги играат на гости. Според распоредот на натпреварите дуелите од оваа фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување треба да се одиграат на 23 ноември во Струмица и на 30 ноември во Германија.
Германците во канцеларијата на Струмица испратиле понуда двете средби да се играат во Германија во периодот од 21/23 ноември, затоа што за реванш терминот имале проблем со обезбедување логистика за тренинзи и натпревари во својата сала. Во Струмица велат дека се уште ја разгледуваат опцијата, пред да донесат конечна одлука.
Струмица изминатиот викенд настапи во 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите, каде на турнирот во Бургас го освои последното 4. место и со тоа се префрли со настап во ЦЕВ купот.