У-17: Македонија испушти победа во 90+1.минута, на крајот заврши како последна во групата!

605

Нашата У-17 репрезентација на квалификацискиот турнир на Малта кој се одржува деновиве заврши последна. Денеска избраниците на Дашмир Деари одиграа 1:1 против домашната селекција, сосема доволно само за последното место во групата, дури и Малта се најде пред нас, да не говориме за селекциите на Шпанија и Словачка од кои бевме убедливи совладани. Македонија поведе со голот на Етоски во 38.минута а домашните израмнија во 90+1.минута со голот на Мелило.

Македонија на овој меч настапи со следните играчи: Илоски, Радевски, Саботиќ, Атанасовски, Ристовски, Андоновски, Аслани, Љатифи, Локи, Етоски, Јакупи. Играа уште и: Муслиу, Младеновски, Киш, Гавроски.

ПретходноСтрумица и двата меча со СВД Дирен во ЦЕВ Купот ќе ги игра на гости?
СледноЖени – Лига Нации: Македонија денеска му гостува на Косово! Може ли да се дојде барем до бод?