Нашата најдобра ракометна селекција предводена од селекторот Кирил Лазаров, на 3 и 4 ноември во Солун ќе одигра два пријателски меча против најдобрата селекција со Грција.
Сепак Грците како да не можат без провокации кога станува збор за нашата земја, за нашата Македонија.
Селекторот на Грција, Георгиос Заравинас има проблем. Очигледно е дека не знае со кого игра, па така тој место Македонија, или барем С. Македонија, тој нашата земја ја нарекува Скопје.
Поточно изјаввува дека неговата селекција ќе игра против Скопје.
“Ќе играме две пријателски средби против Скопје“ се вели во дел од неговата изјава.