Шкупи – Вардар и дефинитивно се игра во недела како и дербито во Струга, сите останати мечеви во ПМФЛ се играат в сабота!

1477

Мала промена во термините за 13.коло во ПМФЛ. Имено, иако требаше скопската пресметка на Чаир меѓу Шкупи и Вардар, да се игра во сабота со ТВ пренос од 13 часот, сепак Натпреварувачката комисија на ФФМ се одлучи овој меч да го премести за во недела. Се знае дека Вардар играше денеска во Струга и коректно беше да се промени терминот за во недела. Во недела исто така ќе се игра и супер – дербито меѓу Струга ТЛ и Шкендија.

Останатите мечеви од 13.коло, и тоа Работнички – Силекс, Брегалница – Македонија ЃП, Тиквеш – Гостивар и Воска – Брера се закажани за в сабота од 13 часот.

Што се однесува до средбите од 11.коло во ВМФЛ, сите се играат в сабота со почеток од 13 часот.

ПретходноТурскиот газда на Гостивар сега ќе финансира и во Слога Виница! (ФОТО)
СледноСпортскиот директор на Интер за Инзаги: Скромен, брилијантен и мрзлив