Тоне, ли тоне… Манчестер Јунајтед вечерва доживеа уште еден силен удар од почетокот на оваа сезона, со високиот и убедлив пораз на домашен терен од Њукасл со 3:0 во рамките на осминафиналето на Лига Купот. Њукасл вечерва покажа дека е класа подобар тим од Јунајтед во моментов и имаше свое шоу на „Театарот на соништата“ за убедливи 3:0 и пласман во четвртфиналето.
Ова е втор пораз од 3:0 во период од само три дена за момците на Тен Хаг, кој останува прашање како ќе го пре(над)живеат.
„Страчките“ поведоа во 29. минута со голот на Мигел Алмирон, а само седум минути подоцна гостите го удвоија водството со голот на Луис Хол. Се беше решено во 61. минута кога Џо Вилок погоди за убедливи 3:0 во корист на Њукасл.